Од денес 5 големи промени во средното образование

Денес во Македонија беа изгласани закони кои носат пет нови и големи промени во образовниот систем кои се однесуваат и на учениците и на наставниот кадар.  Одлучено е дека во случај на прекин на наставата поради  штрајк директорот е должен да обезбеди услови за континуитет на воспитно-образовниот процес со замена на вработените кои штрајкуваат за време додека трае штрајкот.

Новитет во измените на законот за средно образование е  и негативната оценка – единица која влегува во свидетелствата како регуларна оценка за екстерно тестирање.

Меѓу поголемите измени во законите за основно и средно е наградата за професорите кои немаат отстапување според завршните извештаи од екстерното и од интерното оценување и обратно, скратен процент од платата за оние кои имаат поголеми отстапувања во оценките .

Со реализација од 2016 година пак, учениците во основно и во средно ќе имаат една задолжителна лектира заедно со ЦД на изворен англиски јазик.

За јакнење на спортскиот дух ќе биде дозволено формирање  училишни спортски клубови во училиштата кои може да ги основаат најмалку пет вработени.