Од понеделник започнуваат уписите во средните училишта

Во понеделник стартува запишувањето во трите средни општински училишта во Струмица во кои, во прва година ќе можат да се запишат вкупно 1248 ученици. Првото пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок ќе се врши на 22 и 23 јуни, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 24 јуни.

При пријавувањето учениците треба да поднесат пополнета пријава за запишување (пријавите ги обезбедуваат училиштата и се бесплатни), оригинални свидетелства од шесто до деветто одделение и извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавање).

11428564_845792665469729_9251230_n

Во нашето училиште во прва година ќе бидат запишани вкупно 374 ученици во 11 паралелки, од кои 238 во гимназиското образование и 136 во економско – правната и трговска струка.