Општо за проектот

Општо за проектот:
Проектот Е-учење на далечина е реализиран во СОУ Јане Сандански-Струмица во рамките на проектот Општина по мерка на граѓаните. Реализиран е со донација која претставува кофинансирање од фондација Отворено Општество-македонија и Општина Струмица.
Проектот е реализиран во временски период од пет месеци и е во согласност со една од главните цели на развојниот план во нашето училиште. Целта е унапредување на професионалниот развој на наставниците и стручните соработници во насока на осовременување и модернизирање на наставниот процес во нашата држава и странство. За таа цел, адаптирана е сала за остварување на видео-конференција во нашето училиште преку која што се поврзуваме и остваруваме предавања, семинари, конференции, проекти со други образовни институции на локално ниво, во Република Македонија и странство.