OСАМЕНА

Не знам зошто, но некои луѓе ги пополнуваат празнините, додека други ја истакнуваат мојата осаменост. Можат да ме видат мене, како една осамена душа, душа која чека обнова. Стуткана на една раскрсница, постојам но исто како да ме нема. Денес, луѓето минуваат и не ме забележуваат. Пролетта дојде. Дојде време да си заминам, го знам, го чувствувам тоа! Сега кога немав што да изгубам станав слободна. Страдам. Страдањето е најдоброто што го познавам, да се откажам од него не е искушение. Застанав позади својата среќа и се радував на последните мигови, на местото каде ја оставам мојата душа. Овде ќе никнат безброј цветчиња, детскиот џагор ќе направи да се чувствувам како никогаш да не сум заминала. Заминав сфаќајки ја најголемата лага. Тоа дека во одреден момент од животот губиме контрола врз она што ни се случува нас и нашиот живот паѓа под контрола на судбината.

17742496_10210786869802031_1424120793_n

Фотографија: Коки Ќосев

Текст: Цвета Велкова

Ментор: Славица Милева-Ефтимова