Песни и љубов за корисниците од заводот во Банско

„Не гледајте во нашата инвалидност, погледнете во нашите срца“ – со ваква мисла лицата со инвалидитет го поминаа денешниот ден во нивна чест. zavod2

По повод 3-ти декември секоја година корисниците на заводот за рехабилитација Бања Банско подготвуваат програма за своите пријатели.

За нејзино збогатување овој пат помогнаа и нашите ученици кои преку звуците на музиката подарија дел од своето внимание и љубов како додаток на веселата празнична атмосфера. По поканата од самите корисници, денес во посета на Заводот беа музичарите Васко Дедејски, Стефанија Стамболиска, Ивана Рендевска, Димитар Мицев и Зоран Трендов заедно со професорката Анита Станковска .

Млади и стари, сите заедно ги отворија своите срца за примање на позитивните вибрации.

Иако официјално денес е светски ден на лицата со инвалидитет, сите ние со нашите постапки треба секој ден да им го правиме весел, спокоен и исполнет со убави моменти.

Во нашето училиште учат Игор, Дарко и Кристина кои беа мошне активни во целата програма подготвена од нив за публиката.