Прекрасна вест за крајот на првото полугодие: Алма Усеин, Сања Василева и Клементина Бусева, ученички од нашето училиште го поминаа вториот селекционен круг и се пласираа во најдобрите 10 во републикава, од кои во уште еден круг ќе се изберат само 4 кои ќе учествуваат на Интернационалната Олимпијадата по Хемија.
По големите успеси на државниот натпревар по хемија претходната учебна година, тие се здобија со право за учество на Македонската Хемиска Олимпијада. По завршувањето на “Ноември – месец на науката 2017“, тие беа на специјални подготовки кои завршија со селекционен тест. На тој тест, сите три влегоа во десетте најдобри. Следуваат неколку месечни подготовки, после кои повторно, преку тестирање ќе се одберат најдобрите четворица кои ќе го состават македонскиот тим што ќе ја претставува Македонија на Интернационалната Олимпијада по Хемија.
Им посакуваме големи успеси!