Ѝ посакавме добредојде на есента

По тмурниот и дождлив почеток на учебната година, есента ни донесе многу сонце и ни вдахна енергија за помотивирано и поактивно да се соочиме со училишните предизвици. Убавото време поттикна група ученици од нашето училиште утринава да ѝ посака добредојде на есента со еко-акција за уредување на училишниот двор. Сонцето ги следеше и денеска и му даде уште поактивна нота на саботното утро.