Последни подготовки за регионалниот натпревар по математика

На регионалниот натпревар по математика кој ќе се одржи во Штип оваа сабота (16 февруари) своите знаења ќе ги тестираат вкупно 32 ученика од нашето училиште, по осум од сите четири години.regionalenЗапочна „сезоната“ на регионални и државни натпревари на кои нашето училиште континуирано учествува и успешно се претставува.

Последнава недела најинтензивно се работеше во двата кабинета по математика.

Професорите Петруш Џорлев, Елизабета Витанова, Елена Лазарева, Тања Танчева и Божана Лазарова ги подготвуваат своите ученици за регионалното математичко натпреварување.

КЛИК ЗА ЦЕЛОСНА ФОТОГАЛЕРИЈА

На минатогодишниот државен натпревар пет наши математичари се вратија со награди, а четири добија пофалници. На сегашните учесници им посакуваме многу среќа на регионалниот, па и на државниот натпревар.