Поставено пано на Димитар Бајрактаров: Среќен роденден Димитар

Деновиве во нашето училиште беше поставено пано на кое се прикажани дел од успесите на нашиот поранешен ученик Димитар Бајрактаров кој во моментов студира на Државниот институт за технологија во Лозана, Швајцарија.

Во претходните четири години од неговото образование тој придонесе многу во афирмацијата на нашето училиште преку освојувањето на бројни награди од областа на математика, информатика, хемија и музика, не само на локално и државно туку и на меѓународно ниво.

„Горди сме што имавме таков несекојдневен талент меѓу нас, кој нè инспирираше со своите идеи, трудољубивост и посветеност. Му посакуваме успешно школување и очекуваме врвни резултати и во иднина“ – изјави неговата професорка по Математика, Елизабета Витанова.

Во ходникот на училиштето, во близина на влезот е поставено паното на кое се прикажани пофалниците, дипломите, медалите и другите успеси на Димитар додека тој учеше во нашето училиште.
Во ходникот на училиштето, во близина на влезот е поставено паното на кое се прикажани пофалниците, дипломите, медалите и другите успеси на Димитар додека тој учеше во нашето училиште.

Инаку, денес е и роденден на Димитар Бајрактаров. Тој во моментов студира на Факултетот за информатички технологии при Државниот институт за технологија во Лозана, Швајцарија кој е специјализиран за природни науки и инженерство, а освен образованието, институтот има мисија да се бави и со научни истражувања.

Димитар на крајот од ноември минатата година учествуваше на натпревар организиран од институтот каде што се вброи меѓу најдобрите, оставајќи ги зад себе останатите ученици освен еден тим од студенти кои се на постдипломски студии. Да се биде рамо до рамо со студенти кои имаат повеќегодишно искуство во овој институт доволно зборува за успесите на Димитар.