Предметите за полагање екстерно ќе се знаат од утре

Како што беше најавено на последната прес-конференција на Министерството за образование, учениците од четврта година ќе знаат кој предмет ќе го полагаат на три дена пред почетокот на тестирањето. eksternoВо текот на утрешниот ден (недела) Училишната комисија ќе го објави Интерниот распоред на огласната табла во училиштето.

Распоредот ќе биде достапен во електронска форма на нашиот официјален веб-сајт.
Електронското екстерно тестирање ќе се одржи во сите средни училишта на деновите 22 и 24 јануари 2014 година.
Тестирањето започнува во 9:30 часот и ќе трае 60 минути. Во случај ако ученикот е оправдано отсутен или доцни за него тестирањето ќе се одржи во следната испитна сесија.
Дозволено е користење на молив и хартија за следните општо-образовни предмети: хемија, математичка анализа, математика гимназиско и средно стручно образование, програмски јазици и физика гимназиско и средно стручно образование.
Вонредните ученици нема да полагаат екстерно тестирање, додека учениците кои се упатени на класен испит ќе полагаат екстерно тестирање.