Пријавени 40 ученици на МАССУМ натпреварите во Крушево

Пријавувањето за МАССУМ 2014 траеше до 01.03.2014 и нашето училиште аплицираше со свои претставници за 14 од вкупно 15 категори. Пријавени се вкупно 40 ученици, а со нив ќе работат 13 ментори. masssВо категоријата Интервју за работа учениците можеа да изберат дали ќе подготват говор на македонски, албански или англиски. Во оваа категорија пријавен за македонски јазик е Миле Здравев, а за интервју на англиски јазик ќе се натпреварува Димитар Дончев. Со нив ќе работат професорите Жаклина Михајлова и Зорица Витанова. Ученичките Мартина Соколова, Катерина Караманова, Мартина Спасова и Димитар Дончев подготвуваат маркетинг план заедно со професорката Стаменка Џорлева. Живкица Бонева ќе учествува во категорија Јавно говорење – подготвен говор.

Во областа на музиката, како бенд ќе настапат момците Димитар Мицев на гитара, Христијан Мучев на бас, Трајче Крстев на тапани и Васко Дедејски како вокалист. Солистички пак, свој настап ќе имаат ученичките Слободанка Гражданлева и Стефанија Стамболиска. Учениците ќе се подготвуваат заедно со професорот по музика Денис Кирчанов.

Задолжени да изработат видео реклама се учениците Саше Урдовски, Зуле Митева и Анета Ѓоргиева, а Иван Кавазов ќе направи фотографија на еколошка тема. Ментори се професорите Славица Ефтимова-Милева и Катерина Ќосева.

Во категоријата Најдобар веб-сајт се вклучија нашите ученици Нина Хаџи-Котарова и Никола Тошев и ќе се подготвуваат со професорката Софија Тошева.

Елизабета Муканова и Ана Јанева се младите поетеси кои пријавија свои творби за МАССУМ натпреварот.

Верица Терзиева, Лидија Јанчевска, Јулија Николова и Емилија Цветкова ќе го претстават нашето училиште преку штанд. Одговорни за координирање на нивните подготовки се Гордана Василева и Катерина Милушева.

Наредниот период ќе се подготвуваат и два филма, повторно на тема: екологија и одржлив развој. Едната екипа ја претставуват Миле Грнчаров и Мартин Мајсторов под менторство на Катерина Ќосева, а другата Ана Тодорова и Александра Манзаклиева под менторство на Софија Тошева.

Екипата креатори кои после една година пауза ќе изработат модна ревија е составена од ученичките Елена Маџирова, Павлинка Петрова, Гонце Динишева и професорката Анита Станковска. Ним ќе им се приклучат уште 5 манекени кои ќе ги претстават нивните креации на сцената во Крушево.

Нашето училиште ќе учествува и на трите нови спортски категории – сите под менторство на Гоце Кончалиев. Блаже Андонов и Фросе Стојанова ќе се тркаат за наградата Најдобар пингпонгар/ка. Пријавени се и две екипи во баскет: Христијан Тренчев, Илија Парталов во машка конкуренција, а Ирена Ристова и Павлинка Николовска во женска конкуренција. Во категоријата Најдобра екипа во серва ќе учествува мешана екипа составена од Павлинка Николовска, Митко Филиповски и Игор Петков.

Им посакуваме многу среќа на сите пријавени и веруваме дека ќе обезбедат учество на Образовното рандеву кое ќе се одржи во Крушево на 3 и 4 мај.