Се спрема банка за пракса за учениците од банкарскиот смер!

Веќе трета генерација ученици го изучуваат банкарскиот смер во нашето училиште. Имајќи ја во предвид атрактивноста на банкарството и неопходноста од практична настава, училиштето во соработка со Шпаркасе, Стопанска банка и Охридска банка ќе обезбеди опрема која учениците ќе ја користат за по завршувањето на средното образование да можат да бидат стручно оспособени за нивниот иден позив.

12105959_884473468272751_5255852556560471389_n-1

Во моментот се работи на оспособување на просторијата, а се очекува банката за пракса да биде во употреба кон крајот на овој или почетокот на следниот месец.
Наставата во банкарскиот смер во СОУ „Јане Сандански“ ја следат вкупно 72 ученика.
12108221_884473471606084_1601934848477072538_n12122929_884473474939417_8605467287228306784_n