Со садење и чистење до еко-училиште

Официјалниот почеток на есента помина работно за учесниците на Младинската канцеларија при нашето училиште. eko1Оваа акција е дел од четвртиот стандард од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ чијашто цел е функционално уреден двор според сите еколошки параметри на начин на кој максимално ќе користи за потребите на сите кои престојуваат во него.

Првата еколошка акција за оваа година ја спроведоа 15-тина ученици од четврта година во соработка со нивните ментори и Младинската канцеларија при нашето училиште.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Искористувајќи ги веќе срамежливите и есенски сончеви зраци екипата вредно работеше на разубавување на училишниот двор.

Се садеа бршлени и број, се наводнуваа цвеќниците, а воедно се собираше пластиката и сиот отпаден материјал.

Годинава е формиран еко-одбор којшто треба да ја спроведе програмата предвидена со проектот „Еко-училиште“, а негов координатор е Славица Милева-Ефтимова.