МАССУМ 2014: Натпреварувачки дух тлее во тебе? Дојди и пријави се!

Само што започна учебната година, а ние веќе Ви нудиме нова можност каде ќе можете да ги истакнете вашите способности, било да се музички, оратотски, творечки, деловни и уште многу други.

massum1Младинската асоцијација на средни стручни училишта на Македонија е во потрага  на нови активни членови. Во нашето улииште МАССУМ натпреварите се традиција која секоја година ја збогатува колекцијата на награди и признанија. Имено сите ученици кои се во економско-правната струка се членови на оваа асоцијација,но за да заземат активно учество во работата на МАССУМ треба да се пријават кај претседателот на МАССУМ во нашето училиште Катерина Караманова во III9 клас или кај својот класен раководител.

Поголем дел од работата се посветува на претстојното Образовно рандеву 2014 кое годинава најверојатно ќе се одржи во Крушево, каде талентирани ученици ќе може да се натпреваруваат во следниве категории:

– Јавно говорење
– Интервју за работа
– Маркетинг план
– Најдобар филм, реклама, постер, фотографија
– Најдобар бенд и солист
– Најдобар штанд
– Модна ревија
– Најдобра поетска творба
– Драма
-Спорт (баскет, серва и пинг понг)

Освен подготовките за Образовното рандеву МАССУМ вклучува организирање на хуманитарни и еколошки акции.