КОНКУРС: 100.000 поети за промена!

Ако сте млад поет и сакате некој да ги слушне вашите дела, а притоа да бидете дел од глобална манифестација која опфаќа вкупно 700 настани во 550 градови или вкупно 100 држави тогаш не смеете да го пропуштите конкурсот!poetiНаши ученици веќе трета година се дел од ова глобално движење кое служи за подигање на свеста кај граѓаните за секојдневните проблеми со кои се соочуваме секојдневно и тие веќе имаа единствена можност преку сопствената ангажирана поезија да проговорат за сите овие проблеми.

„Преку поезија можноста да се анализираат и презентираат локалните и глобалните проблеми, смртта, животот, човековите права, емоциите, неправдата… Со овој проект целта е да се види дали поезијата и пишаниот збор се доволно силни/ моќни да направат позитивна промена во државата, промена во начинот на размислување, односот на луѓето, обидот да се инспирираат и мотивираат луѓето за барем минимална промена…“, велат одговорните за настанот во Струмица.

Стиховите ослободуваат посебно кога во нив имаат силна порака! За пораката да биде пренесена мора да ја пуштите во јавноста. Сè што досега сте и го зборувале само на хартијата, може да испратите на poetizapromena@gmail.com, сè до 27 септември, а дополнителните информации ќе ги добиете веднаш по вашето пријавување.

Младинското читање поезија ќе се реализира на 28 септември (сабота) во 16:00 часот во адекватниот амбиент на Старото забавиште.

Бидете промената која сакате да ја видите во светот – бидете дел од 100.000 поети за промена!