СОУ „Јане Сандански“ повторно дел од нов проект од Еразмус + програмата

    Повторно сме дел од грант на Еразмус +. Проектот EU 4 U е заеднички грант на 12 партнери од неколку земји од европската унија и земји со кандидатски статус: Кипар, Италија, Романија, Словачка, Хрватска, Бугарија, Македонија, Турција, Литванија и Црна Гора. Партнерите се невладини организации, младински совети, училишта, факултети и други институции кори работат со млади.
   Контекстот и потеклото на проектот е потребата на Европа да ги ангажира активно младите луѓе во младински активности и социјалната потреба тие да бидат оснажени да го прават тоа. Солидарноста на младината е важна цел на Европската унија и овој проект има аспирација токму тоа да го култивира, и уште поважно колаборацијата – соработката со младинските организации ги оспособува  одговорните за активностите на овој проект да ја сфатат сегашната ситуација на младината и нејзиниот потенцијал да влијае врз носителите на политики во иднина. Овој проект ќе се фокусира на зголемување на алатките за развивање на свеста меѓу младите работници, ќе постави предизвици со кои кандидатите членки за влез во ЕУ се соочуваат во моментот и ќе овозможи споделување на добри практики од државите членки.
  Младите работници и едукаторите имаат богато искуство во работата со младите и Европските проекти. Сите партнери ќе учествуваат на тренинг курсот во Лимасол на Кипар во ноември со по три претставници. СОУ „Јане Сандански“ ќе го претставуваат координаторот на партнер земјата и организацијата:
  • Виолета Николова (ментор, тренер, волонтер на Европски проекти);
  • Софија Тошева (ментор, тренер, волонтер);
  • Вангелија Велева (директор, организатор-иницијатор на бројни доброволни акции).
    prof