Развојот на проектот STEMBot , од Еразмус + програмата , во кое нашето училиште СОУ Јане Сандански е активен партнер воизработка на сите материјали , почна да резултира со готови производи , кои овозможуваат еден сосема нов приод кон предметите од областа на природните науки и математика.
Со користење на Четбот , компјутерска програма која користи вештачка интелигенција, дизајнирана за користење во СТЕМ предметите , се овозможува директна конверзација со учениците. Се поттикнува креативноста, слободата на истражување и учење преку експерименти , како и се олеснува процесот на учење .
Досега изработени се:
– Збирка од 20 видео туториали со научни експерименти базирани на природните науки кои се забавни и едукативни . Видеа со експерименти
– Лекции соодветни на експериментите Лекции
– Прирачник за користење на СТЕМбот направен со помош на стручна литература и препораки од стручни лица. Педагошки прирачник
Сите материјали се достапни за користење преку соодтвените линкови. Во тек е и изработка на прирачник кој ќе овозможи наставниците да можат сами да креираат таков вид настава.