Светскиот ученички куп на 11 и 12 април 2018 година во Струмица

На 11 и 12 април 2018 година, Светскиот ученички куп чие финале секоја година се одржува на ЈЕИЛ Универзитетот во САД, доаѓа во Струмица.

Според информациите од професорката Верица Јанкова, ова е резултат на успехот кој што го постигнаа нејзините ученички на преелиминарниот натпревар по англиски јазик кој што се одржа во Дубаи и на финалниот во Атина.

Ученичките Тијана Иванова, Магдалена Стојанова и Ивана Цветанова од СОУ „Јане Сандански“, под менторство на проф. Верица Јанкова, веќе се пласирани за финалниот натпревар, кој на ЈЕИЛ Универзитетот ќе се одржи од 9 до 14 ноември оваа година.