Почнувајќи со мали чекори, ученичката Ева Танчева од четврта година потпомогната од страна на својот ментор, Нада Божијанова, денес ја гледаме како освојува награди на меѓународни натпревари.По успешното учество на Државниот натпревар по Француски јазик, Ева се здоби со награда и можност да се натпреварува на Меѓународната олимпијада по Француски јазик која се одржува по втор пат, а благодарение на Ева, нашето училиште за прв пат учествуваше на олимпијадата.
Меѓународната олимпијада по француски јазик се одржа во Ловеч, Бугарија од 29 октомври до 01 ноември. Истата се состоеше од два дела:
- Пишување есеј на тема „Велат дека не постојат граници помеѓу младите“
- Усно презентирање на тема „Патување и пишување“
Во конкуренција од 6 држави (Албанија, Ерменија, Молдавија, Романија, Бугарија и Македонија) со учество од по 6 учесници од секоја држава (36 учесници), Ева Танчева се здоби со третото место.