Академикот Митко Маџунков на посета во нашето училиште

   На 10.11.2016 година во СОУ ,,Јане Сандански” имавме посета од академик Митко Маџунков, академик Влада Урошевиќ, проф. д-р Венко Андоновски, проф. д-р Ратко Дуев, режисерот Бранко Ставрев, актерот Мите Грозданов и останати гости кои беа дел од манифестацијата ,,Денови со Митко Маџунков”.
   При посетата беше разгледано нашето училиште, беа посетени кабинетите по македонски јазик и литература, а посебно беше интересно разгледувањето на училницата во која порано учел Митко Маџунков. Се јавија многу спомени од неговите средношколски денови и со нас беа споделени повеќе интересни случки од истите.
   Во салата за состаноци беше проследен видео-поздравен говор на директорката Вангелија Велева, а потоа наши ученици под менторство на професорот Марјан Стојанов одржаа презентација со извадоци од делата на Митко Маџунков. По извршената презентација, Маџунков имаше свое обраќање во кое сподели некои важни моменти кои одиграле голема улога во неговиот живот и творештво. За спомен од гимназијата на Маџунков му беше поклонето работна облека која денес ја носат нашите ученици. Средбата заврши со кафе и пријатен муабет во канцеларијата на директорката.
1-zoran-copy 67889-copy viktor dsc_2705 dsc_3010