„Трошки надеж“ – најновиот театарски предизвик на учениците од драмската секција

Учениците од драмската секција активно ја подготвуваат нивната нова претстава „Трошки надеж“ која премиерно ќе биде изведена на 28 април во сабота. Вкупно 11 актери ќе учествуваат на претставата чие сценарио е напишано од самите ученици, под менторство на нивната професорка по Драмска уметност.

Во сценариото се работи за драма која е инспирирана од средношколскиот живот, секојдневието на тинејџерите, нивните проблеми и предизвици со кои се соочуваат.

Истото е напишано од ученичката од четврта година Викторија Панова, потпомогната од нејзините соученички Надица Трајкова и Моника Котева, а под менторство и режисерска палка на професорката по Драмска уметност, Ѓургица Костадиновска.

Драмата премиерно ќе биде изведена на големата сцена во Центарот за култура „Антон Панов“ со почеток во 19 часот, а на истата учениците активно работеа околу четири месеци.

ФОТОГАЛЕРИЈА