Ученичка од СОУ„Јане Сандански“ се пласира на 3 (трето) место на Проект „Лидер“

pgord

Петрушева Гордана ученичка во СОУ„Јане Сандански“-Струмица се пласира на 3 (трето) место на Проект „Лидер“ – избор на најдобар ученик во струка од завршните години во
стручното образование во Република Македонија. Настанот се одржа во СОУ „Добри Даскалов“ Кавадарци  на 27.11.2014 година  каде што беше наградена ученичката. Уште двајца ученици од нашето училиште се стекнаа со пофалби за успешно учество.