Учениците ѝ го честитаа роденденот на Европа

Денес во Струмица беа одржани низа активности во чест на Денот на Европската Унија, 9 мај. evropaНашите ученици беа дел од свеченоста на која присуствуваа амбасадорите на Шпанија, Фернандо де Галаинена Родригез и на Велика Британија, Кристофер Ивон.

Шест ученички најпрво ги поздравија гостите на шест различни јазици: англиски, италијански, германски, француски, шпански и македонски, велејќи:
„Ти си нашата вчерашна мисла,
ти си нашиот денешен сон,
ти си нашето утрешно јаве.
Среќен ти роденден, Европо!“

Ученици од трета година беа активни на поставените промотивни штандови на земјите Велика Британија, Шпанија, Луксембург и Холандија.

Во склоп на мошне квалитетната музичка програма се претстави хорот со италијанската класична композиција Da cosi dotta man и изведба на сплет на композиции од македонскиот фолклор, Не си го продавај Кољо чифликот и Не стој Доне, Донке.

Како солисти настапија Марија Атанасова со песна на шпански јазик и Александра Јанева на англиски.