Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието вклучува фаза на запознавање и дружење на македонски со албански средношколци.Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието вклучува фаза на запознавање и дружење на македонски со албански средношколци.
Во петоков нашето училиште беше домаќин на учениците од скопското училиште Зефљуш Марку, средба која има за цел да придонесе Македонија да стане средина без предрасуди на етничка основа.
Позитивната атмосфера започна со заеднички песни предводени од Димитар Мицев и неговата гитара. Најинтересниот момент беше формирањето на мрежата на пријателство и почитување, мрежа на претставување и запознавање. Пред да се растури сите ученици со себе понесоа дел од нејзе за да го чуват како амајлија за среќа.
„Јас сум навистина горда бидејќи спроведовме нешто што беше напишано само на хартија и ова е мигот кога сето тоа заживува. Навистина, на почетокот сето тоа изгледаше малку нереално и невозможно, но контактите кои денес ги воспоставивме и симбиозата која ја направивме помеѓу тоа на хартија и тоа што е во реалноста се добар чекор. Се надевам дека тоа дружење ќе го продолжи колективот на двете училишта, но и децата“, рече директорката Вања Изова-Велева, видно задоволна од спроведената фаза од проектот.
Следна предвидена активност за учениците од двете училишта беше создадавање мешани групи кои ќе работат заеднички на проектот, а потоа сите заеднички се упатија кон посета на Колешинскиот водопад.
Гостите си заминаа задоволни од пречекот, воодушевени од убавините на Струмица, обземени од позитивната цел на проектот и со очекување дека соработката и дружењето ќе продолжат со гостување на нашите ученици кај нив во месец март идната година.