Збогатени со едно ново искуство: проект What If…?360

16558464_10210334873420776_329281244_nНашето училиште ја имаше ексклузивната прилика да биде запознаено со светски признат едукатор од САД: Matt Murrie, кој го најавивме минатата недела со своите достигнувања. Мет беше гостин на трети и четврти февруари во нашето училиште и спроведе обуки за учениците и наставниците на тема :  What If…?360 Curiosity Based Learning. Овој концепт е авторство на предавачот, кој со својата умешност имаше за цел да ја разбуди љубопитноста кај учениците и да ги запознае со нов метод на современа настава. На обуката во петок беа опфатени 130 ученици од трета и четврта година, кои преку 8-те чекори на авторот, провоцирајќи ја нивната љубопитност, интерактивно работеа во групи, а тренерот беше воодушевен од нивната посветеност и заинтересираност. Вакви методи имаат за цел да ги ангажираат сите учесници и да ги извлечат најдобрите креативни идеи, размислувајќи “надвор од комфортната зона”.

16507448_10210334876220846_1620133261_nВо сабота на четврти февруари во нашето училиште СОУ Јане Сандански,  се одржа работилница со наставниците, кои покажаа голем ентузијазам да научат нешто ново. Директорот  м-р Вангелија Велева, ги  покани на обуката и наставниците од другите две средни училишта, кои покажаа  интерес за учество. По спроведената обука сите седумдесет наставници добија сертификати.

Се надеваме дека вакви проекти ќе станат пракса за споделување на знаења меѓу наставниците, како резултат на нивниот интерес за доживотно учење, а воедно и желба за професионално напредување.16652550_10210334873380775_466072102_n

Идеја и координатор на проектот: М-р Софија Тошева