Презентација на изложбата „What the Future Wants“ во СОУ „Јане Сандански“

Проект „Проѕирниот човек” – Der gläserne Mensch

Во периодот од 25.10.2022 до 04.11.2022 во рамки на проектот „Проѕирниот човек” беше отворена изложбата „What the Future Wants”. Проектот е во рамките на институтот Гете – Скопје и се однесува на младите помеѓу 14 и 18 години.

Изложбата „What the Future Wants” обработува теми како сајбер- булинг, идеали, лажни вести инт.

Оваа изложба беше претставена и во нашето училиште СОУ „Јане Сандански” Струмица и беше посетена од учениците кои го изучуваат германскиот јазик како втор странски јазик но и од останатите ученици.

Проектот беше спроведен од професорките по германски јазик, проф.Билјана Витанова Ангелова и проф. Александра Минкова.