Тимот на ученици од СОУ „Јане Сандански“ кој учествуваше на финалниот натпревар по англиски јазик на Светскиот ученички куп се врати во Струмица со освоени 4 златни медали.
Под менторство на професорките Верица Јанкова и Натка Јанкова, ученичките Тијана Иванова, Магдалена Стојанова и Ивана Цветанова при учество на финалниот натпревар по англиски јазик на Светскиот ученички куп кој се одржа во ЈЕИЛ Универзитетот во Њу Јорк, САД, се вратија во Струмица со освоени 4 златни медали.
Тие претходно постигнаа успеси и на преелиминарниот натпревар во Дубаи и полуфиналниот натпревар Атина. Поради нивниот успех, следната година ваков натпревар е најавен од Светскиот ученички куп да се одржи и во Струмица.