Хорот и оркестарот на Виноскоп 2012 [СЛИКИ]

Хорот и оркестарот настапија на свеченото отворање на шестиот традиционален фестивал на виното во Скопје – Виноскоп 2012 г.hor1
Првиот свој голем настап годинава музичарите од нашето училиште го имаа на 10-ти октомври на фестивалот Виноскоп. Вкупно 50 ученика заедно со своите ментори Анита Станковска и Денис Кирчанов за прв пат се претставија пред скопската публика. Популарните рок звуци предизвикани од оркестарот и музицирањето на солистите придружени од хорската група пратија порака дека гимназијалците од Струмица имат многу што да покажат.
Традиционалниот 6-ти по ред Виноскоп се одржа од 10-14 октомври каде што настапија и други познати интепретатори од македонската естрада како Игор Џамбазов, Нокаут, Мики Јовановски – Џафер.
Покрај студеното време, учениците се претставија со предвидениот 30-минутниот репертоар, во кој беа застапени најголемите рок хитови, се потрудија да го претстават нашето училиште во најдобро светло и секако да ја размрдат скопската публика.