Недела во знакот на македонско-турското пријателство

Во периодот од 30-ти октомври до 1-ви ноември нашето училиште ќе биде домаќин на учениците од училиштето Јилдис Тинас Измироглу од Измир, Турција. 

izmir
Гостите од Измир, вкупно 23 ученика заедно со своите ментори и директорот на училиштето, ќе пристигнат во Струмица на 30-ти октомври, а нашите ученици ќе бидат нивни тридневни домаќини. Посетата на Струмица ќе ја искористат за да се запознаат со нашето училиште, со образовниот процес во нашиот град и неговите културно-историски знаменитости.

Учениците од училиштето Јилдис Тинас Измироглу ќе имаат свој настап пред струмичката публика во среда, во Дом на АРМ, со почеток во 19.00 часот, каде што ќе се претстават со драма, хор и некои други активности.

Нѐ очекуваат прошетки низ Струмица и околината, забава во кафе Момент, караоке шоу во кафе-бар Селект, три дена дружење, споделување искуства и создавање долгогодишно пријателство. Од овде, на 2-ри ноември гостите заминуваат во посета на Скопје и Охрид.

На пролет, во второто полугодие, предвидено е наше претставување и гостување во Измир.

Ваквата размена ќе биде освежување на вековната нераскинлива историска врска која ја има помеѓу нашите две земји.