Победници на „Ноќни трки“

На традиционалните ноќни трки, кои годинава се одржаа на 10-ти октомври, учествуваа многу наши ученици натпреварувајќи се во повеќе категории.

nokni1Честитки до Димитар Горгиев за освоеното прво место во категоријата машки средношколски маратон. Голем успех оствари и Љубица Белмезова за освоеното прво место, а тука беше и Ирена Димитрушева со освоено трето место во категоријата женски средношколски маратон.
Учениците Сандра Глигорова и Мартин Адамов освоија уште две трети места во своите категории.