Претставувањето на училиштето од Измир беше склоп од убава програма, успешни глумци, добри музичари и весела публика.
Синоќа, во преполната сала во АРМ, гостите од Измир го прикажа своето училиште преку подготвената видео-презентација за македонско-турското пријателство, најзначајните историски личности на двете земји, прошетувајќи нè низ туризмот, спортот, културата и нивниот образовен систем.
Во една пријатна атмосфера учениците од измирското училиште Јилдис Тинас Измироглу ги покажаа своите глумечки и музички вештини. Ги претставија турските обичаи при испраќање војска, разделување на невестата од дома, турската свадба.
На крај, задоволната публика се придружи на сцената за да заигра оро.