Втора симулација на работата на европскиот парламент

МЕП клубот од нашето училиште од 15 до 17 февруари ќе престојува во Скопје за да биде дел од втората национална конференција на европскиот парламент.

По првото учество во октомври 2012 година нашите ученици допринесoa Струмица да стане активен учесник на програмата Модел Европски Парламент чиј домаќин во нашата земја е меѓународното училиште „Нова“.

Овие три дена нашиот МЕП клуб, заедно со уште седумдесетина ученици од дваесет македонски средни училишта, ќе дебатира, дискутира и пишува резолуции за најважните прашања во Европа. mepУчениците се поделени во три комитети така што Филип Иванов е делегат за женски права, Тијана Ангова делегат за надворешни работи, а Горан Стојанов е во комитетот за економија. Нашите ученици учествуваат на конференцијата во Скопје со голема поддршка од нивниот ментор Виолета Николова.

ФОТОГАЛЕРИЈА – ПРВ ДЕН

Викендов, како специјален гостин, во Скопје престојува и Миле Грнчаров, ученик од втора година кој беше дел од петчлената екипа која после првата МЕП конференција ја претставуваше Македонија на меѓународната сесија во Шпанија (ноември 2012).

Очекуваме нашите сегашни претставници (три ученика + ментор) да имат успешно претставување и да се вратат со многу позитивни искуства.