На крајот од месец март во рамките на нашето училиште ќе се одржи првиот квиз по македонски јазик и литература.
Главната идејата за ваков квиз потекнува од учениците, но и од професорите по македонски јазик кои директно се соочуваат со знаењата или незнаењата на средношколците и правилната или неправилна употреба на македонскиот јазик.
„Преку форма на квиз натпревар замислен низ неколку различни категории во кои треба да се открие извадокот, личноста, грешката и слично, сакаме учениците да се забавуваат, да го негуваат јазикот наш насушен, но и да научат нешто повеќе“, велат од активот по македонски јазик.
Во план е создавање три екипи од по четири ученици (од сите четири години) кои лесно ќе ги надополнуваат своите мислења и знаења со цел да остварат заеднички успех и добар резултат.
Заинтересираните ученици нека се пријават во понеделник кај нивните професори по македонски јазик.
Македонистите велат дека сите прашања вметнати во квизот се сржта на нашиот јазик и треба да ги знаеме без дополнително учење.
Едноставно квизот се состои од сè што мора да се знае за Миладиновци, Вапцаров, Рацин, Конески, Војдан Чернодрински, Васил Иљоски, Ристо Крле, Антон Панов, Гане Тодоровски, Петре М. Андреевски, Ацо Шопов, Коле Неделковски, Видео Подгорец, Григор Прличев, Славко Јаневски, Ѓорги Абаџиев, Ташко Георгиевски, Живко Чинго, Стале Попов, Коле Чашуле…