Утре е првиот квиз по македонски јазик и литература

Неколку ученици од нашето училиште ќе го тестираат своето знаење за македонскиот јазик и литература преку квиз-натпревар.mkПодготовките кои траеја скоро цел месец се при крај и утре ќе се реализира првиот квиз по македонски јазик и литература во малата сала на АРМ со почеток во 19:30 часот.

Вкупно 12 ученици, поделени во три групи, ќе одговараат на различни предизвици низ четирите категории на прашања кои ги подготви активот по македонски јазик од нашето училиште. Главната идејата за ваков квиз потекна од учениците, но и од професорите по македонски јазик и литература кои директно се соочуваат со знаењата или незнаењата на средношколците и правилната или неправилна употреба на македонскиот јазик.
Како за прв пат, квизот ќе се одржи на ниво на училиштето, а покажаниот интерес на учениците од прва и втора година ни дава надеж дека ваквите настани може да се прошират и на општинско ниво.