Од 12-ти август факултетите низ Македонија ќе бидат преполни од младите бруцоши коишто ќе се обидат да најдат свое место во високото образование.Нашето училиште секогаш ги одбележува важните активности на поинаков начин. Така веќе 4 години, доделувањето на дипломите за завршено средно образование се според светски стандарди.
Свеченоста за генерацијата 2009/2013 ќе се одржи во понеделник, 12 август, со почеток во 20:30 часот на кошаркарското игралиште во дворот на училиштето.
„Кога прв пат решивме да го воведеме светскиот тренд, идејата беше учениците да добијат уште еден незаборавен, но и последен заеднички момент со своите соученици организиран од нивното средно училиште“, објаснува директорката Вања Изова-Велева која деновиве ги привршува подготовките за таа свеченост.
За учениците од цела генерација има изработено облека која ги вклучува веќе познатите тоги и капи кои учениците ги фрлаат за групното сликање.
Овој настан ќе биде збогатен со настапи на талентираните ученици.