Термини за родителски средби (јануари)

Родителските средби за вториот класификационен период ќе се одржат во четврток (9 јануари 2014 година).

По одржаните совети на паралелките, утре со почеток во 17:00 за учениците од прва и трета и 18:00 за учениците од втора и четврта година ќе се одржат родителските средби.

Класните раководители, како и вообичаено, ќе ги известат родителите за успехот на учениците, дисциплината, нивната активност и тековните актуелни настани, проблеми или новости.