Последно, хорот и солистите имаа претставување пред струмичката јавност како дел од музичката програма за одбележување на Денот на Европа, 9 мај.
Последно, хорот и солистите имаа претставување пред струмичката јавност како дел од музичката програма за одбележување на Денот на Европа, 9 мај.
Хорот на СОУ „Јане Сандански“, со освоените 100 бода на регионалните хорски смотри е единствен претставник на Струмица на 25-те државни хорски смотри кои ќе се одржат утре во Кавадарци. Учениците ќе се претстават со една задолжителна композиција и микс од современа музика од хитови на Бони Тајлер и Лејди Гага.
„Месец мај е најактивен за нас бидејќи гостуваме на сите поголеми свечености во нашиот град, а овде се и државните смотри кои се најголемо случување за хорското пеење на ниво на училишни хорови“, вели диригентот Анита Станковска.
30-те струмички хористи ќе се натпреваруваат во конкуренција од 20 средношколски вокални состави, а ќе бидат оценувани од петчлено жири – советници по музичко образование во Бирото за развој на РМ.