Надица Николова на државен натпревар по македонски јазик

Вчера во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Битола се одржа државниот натпревар по македонски јазик и литература за средношколци и основци. ouОва е еден од натпреварите што се организираат од Институтот за македонски јазик и литература на Македонија, покрај натпреварот во рецитирање и натпреварот за средните училишта во пишување есеи на литература и јазична тема.

Како единствен претставник од Струмица учествуваше нашата гимназијалка од трета година Надица Николова.

Ученичката се натпреваруваше заедно со уште 28 други ученици од цела Македонија под менторство на професор Сузана Гојкова. Резултатите од натпреварот ќе бидат објавени на 24 овој месец. За Надица ова беше второ учество на истиот натпревар на којшто минатата година доби пофалница за освоено 7 место.

За учениците кои ќе постигнат најдобри резултати на натпреварот по македонски јазик следуваат награди за првите тројца, а додека до 10-то место ќе бидат доделени пофалници за учество на натпреварот и комплет на книги.