Последни подготовки за матурскиот квадрил

Матурантите од Струмица по петти пат ќе го одиграат познатиот танц „квадрил“.kvadrilКвадрилот е танц којшто потекнува од Франција и се игра на меѓународната манифестација Матурска парада која е покрената во 2001 година во Словенија.

Деновиве матурантите интезивно ги подготвуваат чекорите од танцот којшто треба да го одиграат в петок, точно напладне заедно со уште многу нивни врсници од Словенија, Италија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија, Албанија и Македонија.

Предвидено е масовно учество на ученици од сите три средни училишта. Настанот на градскиот плоштад ќе го отвори градоначалникот на општина Струмица – Зоран Заев со свој поздравен говор.