Првонаграден текст на Димитра Фончева – ученик во трета година
Сонот на Катерина
Тој ден Катерина се разбуди и сфати дека всушност веќе започнал нов ден. По синоќешната случка сè уште не можеше да се соземе. Ноќта ѝ се стори предолга и чувствуваше како нешто да ја притиска одвнатре… Знаеше дека нешто ѝ недостига. Не размислуваше премногу само уверливо рече: „Денес е нов почеток за мене.“ Гордо се насмевна, го зеде ранецот и го напушти домот. Се упати кон училиштето подготвена за новиот предизвик кој ѝ го постави животот… Сè уште помалку збунета, но сепак, знаеше дека тој е вистинскиот пат по кој треба да чекори. Пат кој ќе ја одведе до нејзината цел.
Кога пристига во училиштето, професорот веќе беше влегол. Тропна на вратата и учтиво се извини. Нејзините врсници кои ѝ љубомореа за успесите кои ги редеше, некултурно се насмевнаа поради нејзиното доцнење, но Катерина не им обрати никакво внимание. Седна на своето место, ја извади својата тетратка и го запиша насловот кој професорот го беше напишал на таблата: „Мојот сон“. Ги затвори очите и отпатува онаму каде што одамна посакуваше да биде.
Кога пристига во училиштето, професорот веќе беше влегол. Тропна на вратата и учтиво се извини. Нејзините врсници кои ѝ љубомореа за успесите кои ги редеше, некултурно се насмевнаа поради нејзиното доцнење, но Катерина не им обрати никакво внимание. Седна на своето место, ја извади својата тетратка и го запиша насловот кој професорот го беше напишал на таблата: „Мојот сон“. Ги затвори очите и отпатува онаму каде што одамна посакуваше да биде.
Милано… се најде под огромната златна галерија, која одамна сакаше да ја посети, но немаше можност. Катерина остана без здив под огромните блескави прозорци, од кои убаво можеше да се види сонцето, по краевите вимателно изработени од злато, па го формираа најуникатниот покрив кој дотогаш го имаше таа видено. Подот направен од мали ситни мермерни плочки, обоени соодветно и подредени во некакви недефинирани фигури кои изгледаа толку слатко, и прекрасно и прилега на една ваква европска метропола. Зачудувачки кристално чист и покрај тоа што по него пешачеа милиони луѓе. Огромни излози од заштитните брендови на Италија, наредени еден до друг чија форма наликуваше малку на елипса, малку на полукруг… Типичен барокен стил. Сводови изрезбани кои даваа целосна хамронија на таквиот стил. Изгубена помеѓу луѓето кои брзо одеа на сите страни, Катерина реши конечно да се помести од положбата која ја беше зазела и да тргне да разгледува. И само што го даде првиот чекор, насети како некој ја чукна по рамото и и рече: „Scusi bella“, се сврте и забележа прекрасен Италијанец кој ѝ ја подаде својата рака. „Mi chiamo Luca, e Lei come si chiama?“
Катерина, не можеше да се соземе од преголемата возбуда која ја почуствува внатре во нејзиното тело. Го гледаше ликот кој стоеше пред неа, треперејќи цела ја подаде раката и отсечно рече: „Катерина, се викам Катерина.“ „Од каде сте Вие Катерина?“, продолжи Лука. „Oд најубавата земја на светотот“, возврати и слатко се насмевна. „Македонија“, додаде таа. „Дали си слушнал за Македонија? Знаеш ли каде се наоѓа мојата земја?“ „,Не“, рече Лука „не сум слушнал за таа земја. Би сакал да научам нешто за земјата во која се раѓаат толку прекрасни девојки. Дали таму сè е толку прекрасно исто како твоето лице?“
Катерина почувствува како образите и се вцрвуваат и нежна топлина и го обземаше срцето. Не беше навикната да слуша толку ласкави зборови. „Каков мангуп“, си помисли во себе, но сепак реши да одговори. „Да, да, во мојата земја сè е најубаво“, рече во еден здив. „Би сакал да ми кажеш сè“, рече Лука решително. „Би сакал да ја видам Македонија преку твоите очи, да го почувствувам животот таму преку твоето срце“. „Да, може“, рече Катерина. „Но за тоа ти треба многу време. Не постојат доволно зборови кои можат да ја опишат мојата татковина„. И тогаш таа се сети на најубавите стихови кои ја опишуваат нејзината земја, најубавите, но и најтажните во исто време. И започна на глас да ги рецитира.
„Таму зората греит душата, и с’нце светло зајдвит в гората.
Таму дарбите природна сила со с’та раскош ги растурила.
Поле погледнеш или планина сегде божева е хубавина.
Таму по срце в кавал да свирам снце да зајдвит ја да умирам.“
„Навистина прекрасни стихови и прекрасен опис за твојата земја. Но каков допринос имате Вие Катерина за вашата земја? Кои се вашите визии?“
Катерина се сепна, го слушна ѕвончето кое го означуваше крајот на часот и сфати дека тоа беше само една мисла… Не се помести од местото на кое беше седната. Размислуваше за зборовите кои ѝ ги упати непознатиот лик, па се запраша: „Што јас како млад средношколец правам за иднината на мојата земја, кои се моите визии за неа?“ И наеднаш дојде до идеја. Сакам Македонија да биде дел од големото европско семејство, дел од Европската Унија. Сакам да живеам безгрижно заедно со моето семејство и моите врсници исто како сите луѓе во Европа. Знаеше дека може да успее во тоа, веруваше во своите мисли и сега веќе беше уверена дека чекори по вистинскиот пат. Стана од местото и се упати кон училишниот двор. Кога пристига надвор виде десетина луѓе, отмено облечени како стојат и разговараат. „Кои се тие?“, си помисли Катерина. „Ќе одам и ќе ги прашам“. Самоуверено се доближи до луѓето и штом застана до нив како да и застана кнедла во устата, не можеше да каже ништо.
Меѓу сите луѓе беше Лука, момчето кое и дојде во мислите како на сон. Катерина заклучи дека тоа всушност не била мисла, туку визија за она што допрва ќе се случи. Се созеде и ги поздрави луѓето. „Од каде доаѓате вие?“, љубопитно запраша Катерина. „Ние сме членови од европската делегација. Дојдовме со цел да поразговараме со учениците и да ја доближиме Европа до нив“. „Дали може и јас да се придружам кон оваа вонучилишна активност? Би сакала моите другари да научат нешто повеќе за Европа“. Луѓето се согласија и се упатија кон училиштето. Катерина беше толку возбудена и наеднаш рече: „Да почнеме од мојата училница, да почнеме од моите соученици“, и го фати Лука за рака и го поведе. Влегоа во училницата, па Катерина им се обрати на нејзините врсници. „Денес ќе поразговараме за Европската унија. Знаете ли што претставува Европската Унија? Знаете ли дека ние младите средношколци имаме најголеми придобивки од неа?“. Лука се надоврза прашувајќи: „Планира ли некој да студира во странство? Европската Унија им овозможува на сите млади слободно да студираат во која било европска метропола. Исто така таа ви овозможува без никакви проблеми да престојувате во некоја европска земја со вашето семејство кога и да посакате. Европската Унија ги зближува луѓето и создава нови врски“. „Ако Македонија стане дел од Европското семејство без никакви проблеми ќе можеме да патуваме каде сакаме, ќе бидеме еднакви со сите, ќе нема препреки за нас и нашите сограѓани. Сè ќе биде поубаво и посветло“, додаде Катерина. „Па тоа ќе биде супер!“, рече еден од учениците. „Но, како можеме ние да придонесеме за побргу да станеме дел од неа?“ „Едноставно ќе ја сакаме нашата татковина, повеќе ќе се грижиме за неа, ќе внимаваме на нашите постапки, ќе влеваме доверба во луѓето и малку подетално ќе им објаснуваме за неа. Патем, мои соученици знаете ли дека денес е девети мај? Денот на Европската Унија. Нејзиниот роденден. Да тргнеме сите заедно со Лука и да им ја доближиме Европа на луѓето. Само така тие ќе бидат свесни за придобивките кои таа ги нуди. Да допреме до нивните срца, па и тие да сфатат дека Европската Унија обединува, зближува, гради силни врски меѓу луѓето, влева доверба и надеж. Во неа ние сите сме посилни!“ Учениците беа многу задоволни. Сите заедно со Лука и Катерина излегоа надвор и се упатија кон остварување на една нова цел. Катерина за првпат беше толку среќна, па само прошепоти: „Мојот сон навистина станува стварност“.