Наши ученици на Академијата за просветителите

Хорот при нашето училиште ја отвори свеченоста со песна за просветителите.akademija

Синоќа, 23 мај, во Домот на АРМ во Струмица се одржа свечена Академија во очи на празникот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј. На Академијата учество зедоа повеќе училишта од градот, меѓу кои и нашето. Хорот при нашето училиште ја отвори свеченоста со изведба на песна за просветителите, а преку видео-презентација на присутните гости им доловивме дел од најубавите моменти oд нашиот престој во Измир. Со тоа покажавме дека востанувањето, одржувањето и развојот на кириличното писмо и македонскиот јазик, а со тоа и нашиот идентитет и култура е неделив момент од животот и делото на солунските браќа, и тоа дело ние треба да го почитуваме и да го оставиме во аманет на идните генерации.