Основни информации за екстерното тестирање

Екстерната проверка на постигањата ќе се реализира во периодот од 27 мај до 10 јуни, вклучувајќи ги и саботите освен на 8 јуни, кога се полага државна матура.eksterno2ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИ:

Екстерни тестови ќе полагаат повеќе од 200.000 ученици – основци и средношколци.

Најдоцна седум дена пред полагањето училишната комисија е должна да го објави распоредот на огласна табла во училиштето, во кој ќе има информации кој ученик кој предмет ќе го полага и кој ден. Секој ученик ќе биде тестиран по два наставни предмети во различни денови, во согласност со распоредот. Прашањата ќе бидат со четири понудени одговори, а ученикот ќе треба да кликне на оној што смета дека е точен. Тестот ќе содржи прашања од материјалот за конкретниот предмет што учениците веќе го учеле во текот на учебната година. Сите ученици што се на распоред на денот на тестирањето нема да одат на настава. Сите други ученици имаат редовна настава според распоредот на часови.
Ако снема струја, тестирањето за тој ден ќе се одложи, а училиштетотo дополнително ќе биде известено кога ќе се одржи одложеното тестирање.
Екстерното тестирање во сите училишта почнува во 9 часот и 30 минути секој ден во кој се реализира полагањето. Полагањето трае 60 минути. Паузата меѓу две тестирања трае 30 минути. За најголем дел предмети не е дозволено користење дополнителен помошен прибор. Учениците може да користат молив и хартија за предметите математика, физика и хемија. Молив, хартија и дигитрон учениците ќе може да користат ако решаваат тест од следните стручни предмети: електротехника, електротехнички материјали и елементи, електрични мерења, автоматика, програмирање.

За оправдано отсутни ќе се сметаат учениците што од здравствени причини се спречени да дојдат на екстерно тестирање и за истото имаат лекарска потврда или лекарска документација. Ако ученикот не присуствува на полагање, ќе полага во сесиите од 17-27 јуни и од 15-19 август. Оној ученик што нема да полага екстерно, нема да добие свидетелство.
Вонредните ученици нема да полагаат, а учениците што се упатени на класен испит ќе полагаат екстерно тестирање во периодот кога тоа ќе го прават другите ученици. Директорот е должен најдоцна еден ден по тестирањето да достави список на ученици што препишувале до Државниот испитен центар. Учениците може да ги менуваат веќе означените одговори додека не ја означи опцијата „заврши“, која се наоѓа на крајот од тестот.
Во училницата ќе бидат присутни тестатор и надворешен набљудувач. Оценката добиена на екстерниот тест ќе се спореди со оценката што ја добил ученикот по истиот предмет на крајот на учебната година. За учениците оценките добиени на екстерното тестирање се важни бидејќи ќе бидат впишани во сведителствата и ќе влијаат на нивниот општ успех. Ако некој од наставниците направил отстапки во оценувањето, со нив ќе се постапи во согласност со Законот за осново и законот за средно образование.