Добриот сон не само што е неопходен за здравјето на секој човек туку е особено важен за концентрација при работење на умствена активност. Но кога спиењето се заменува со учење до доцните часови, гледање серии или во најчест случај сурфањето на интернет следниот ден тешко е да се победи поспаноста. Тоа може да биде предизвик, а ние ви предлагаме како да постапувате за време на часот и за време на паузата за да ја совладате поспаноста. Обидете се да ги примените следните „трикчиња“ ЗА ВРЕМЕ НА ЧАСОТ:
Седнете на предните редови – Иако секој си го знае своето столче, замолете некого да си ги замените местата на седење. Доволно е што од срам пред професорот ќе се обидувате да ги држите очите отворени.
Пишувајте – Идејата е да го задржите умот зафатен. Занимавајте го умот така што ќе запишувате сè што зборува професорот.
Штипнете се силно – Во кризни ситуации причинете си мала болка. Кога другите обиди не успеваат, штипнете се силно. Можеби звучи чудно, но болката ќе ве одржи будни.
Движете ги рацете или нозете – Не можете да станете од столчето ама затоа движете ги нозете под масата, исто како кога сте нервозни.
Обидете се да ги примените следните „трикчиња“ ЗА ВРЕМЕ НА ПАУЗАТА:
Станете и растегнете се – Ако имате можност, џогирајте в место или скокнете в место 10-тина пати. Растегнете ги рацете и вратот, а потоа вратете се на столчето.
Кисело бонбонче или чаша јогурт – Чувајте си во чантата кисели бонбони од лимон и секогаш кога ќе почувствувате умор и поспаност, ставете едно во устата. Доколку сте во можност испијте една чаша јогурт. Киселиот вкус ќе ве расони.
Прошетајте надвор – Одете до продавниците на плоштадот и купете си овошје. Ќе вратите со повеќе енергија и поголемо внимание кон она што го правите.
Разладете се – За веднаш да ги отворите очите, измијте го лицето со ладна вода. Исто така, намалете го греењето во просторијата во која се наоѓате. Топлото ги затвора очите.