Пролетната парада една од најбројните и највесели маски

Откако организациониот одбор на Струмичкиот карневал го одреди датумот за главното случување во нашиот град, околу 70-тина ученици со професорите започнаа да го живеат карневалскиот филм. a30-620x412Оние кои досега биле дел од главната карневалска поворка мошне добро ја знаат возбудата која трае од подготовките па сè до неколкуминутниот настап пред жирито и високите претставници на Карневалската Асоцијација.

Специфично кај училишните маски е масовноста која од прва ги плени насобраните струмичани што ги поздравуваат карневалџиите низ улиците од маршрутата. Можеби не можеа да ги препознаат нивните лица, ама среќата проткаена од младешкиот дух ја почувствува целата публика која со аплауз ги поздравуваше маскираните ученици и професори.

Исто како и останатите 40-тина маски, ангажманот при подготовките е комплетно ентузијастички, а учеството отворено за сите ученици за кои забавата, креативноста и карневалската еуфорија се уживање и предизвик.

Маската насловена како Пролетна парада која ја отсликува Кинеската Нова година ќе остане запаметена како дел од Струмички карневал 2014 година.