Викенд шема: Под кои маски ќе се скријат учениците?

Велат Струмица е препознатлива по тоа што е град под Царевите кули. Но кога ќе се слушне зборот карневал, освен на карневалот во Рио, секој помислува и на Струмичкиот карневал на кој има најдобро изработени маски во Европа. Карневалската треска оваа година ја започнаа средните училишта на средношколскиот маскенбал.m6

Кога ги прашавме учениците зошто навистина секогаш се прават карневал, еве што одговорија:

„Се правиме карневал бидејќи сметаме дека тоа е забавно и ја надоградуваме нашата креативност. Според нас тоа е најлесен начин барем за момент да избегаме од реалноста и да уживаме во магичната карневалска вечер под маски. Исто така со карневалот ја разбиваме секојдневната монотонија“ – вели Марија Трајкова, ученичка од IV година.

Секоја година нашето училиште успешно се претставува на карневалот, а подготовките и оваа година одат беспрекорно добро:

„ Овогодинешната училишна маска е особено забавна и убава.  Подготовките за карневалот се во најдобар ред , веќе сме подготвени целосно , останува утре да ги облечеме нашите одела , да ги ставиме нашите маски и да заблескаме под Струмичкото поднебје.“ – информира Васка Џорлева, ученичка од IV-2.

Ученикот Борис Палазов од II-1 ни раскажува за тоа каков очекува да биде карневалот оваа година:

„Овој викенд очекувам супер забава, незаборавни моменти, безброј нови пријателства и непрепознатливи маски. Со оглед на тоа дека повторно учествувам во поворката на Струмичкиот карневал, се надевам и на нови награди, и возбудливо нови незаборавни искуства. “

Но освен за карневалот, нашите ученици се пофалија со нивните незамелниви искуства на средношколскиот маскенбал:

„Средношколскиот маскенбал е обоен со магијата на младоста и енергијата на нас средношколците заедно со нашите професори. Таму сме со нашите фантазии, желби и замисли… таму сме ние со нашите идоли од книгите, филмовите, од вип личностите… таму се е возбудливо, се е обоено во карневалската шара.. само таму ние чекориме на RED CARPET“ – вели Марија Абрашева, ученичка од II- за тоа колку долгу го очекувала овој маскенбал.

Но секој од нас сака да биде уникатен, па ни раскажаа какви биле на маскенбалот:

„ Бевме маскирани во комбинација од оган и ѓавол, а маската ја насловивме ,, Жена-оган “. Со нашата маска сакавме да ја доловиме храбрата и јаката страна на жената и се надеваме дека ја постигнавме нашата цел. Беше прекрасно, тие неколку часа што ги поминавме заедно со нашите соученици од сите средни училишта забавувајќи се, иако имаше потешкотии со препознавањето едни со други “ – повторно раскажува Марија од четврта година.

Но иако ова е карневалски викенд и сите се во карневалска „шема“, сепак училишните обврски чекаат да бидат извршени. Еве како Васка се натерува да седне да учи:

„ Школските обврски секогаш постојат без разлика на тоа дали владее карневалската еуфорија или не, а нивното исполнување зависи од самите нас. Ако сакаме, ќе најдеме време и за уживање во карневалот, но и за школските обврски.“

Освен на карневалот, ученичката Марија од втора година се радува со своите другарки на првата награда на средношколскиот маскенбал, и ни раскажува како започнало:

„Идејата е заедничка се разбира ни дојде така спонтано нешто филм, па мода, па акција, па шарм – сакавме од се по малку. Креациите се наши а целата рачна работа беше наша и затоа вложивме мноу труд и љубов. Секоја награда после вложениот труд ти претставува успех. Лично на мене и на моите гангстерки наградата ни претставува големо задоволство и пресреќни сме сите. Нескромно е од моја страна да кажам дека потајно сите посакувавме награда но имаше навистина ‘застрашувачка конкуренција’ и затоа бевме пријатно изненадени со првопласираната награда за групна маска.“

Но сепак, порано или подоцна, ќе помине се, и ќе заврши. Еве што вели Борис за ова:

„На почетокот се почнува весело и убаво, целата карневалска еуфорија го обзема нашето тело и не сакаме да заврши карневалот. Иако остануваат уште многу денови од карневалската шема, сепак ќе поминат. Се почнува прекрасно, но се што е интересно кратко трае.“

Оваа година на школскиот маскенбал, нашето училиште повторно докажа колку ентузијастички духови има родено во него, со добивање на многу награди и пофалби, од прво, второ и трето место. Нашето училиште останува училиште со традиција за успех. Еве ги имињата на наградените маски:

Прво наградена групна маска – „Гангстерки“

Второ наградена групна маска – „Златни риби“

Прво наградена единечна маска – „Жена – оган“

Второ наградена единечна маска –

Трето наградена единечна маска – „Анонимус“