Трета награда за маската Пролетна парада

Вечерва пред медиумите и претставниците од маските учесници на годинашното издание на Струмичкиот карневал беа соопштени наградените. karneval14Во категорија над 50 учесници, маската на нашето училиште насловена како Пролетна парада го освои третото место. Наградата се состои од паричен износ, а ќе биде доделена утре на специјална свеченост.

На овогодинешниот Струмички карневал во карневалската поворка учествуваа 41 маска и 2500 маскирани лица.

Честитки за креативниот тим професори и ученици кои и годинава, впрочем како и секоја, вредно и со голема љубов ја подготвуваа маската. Догодина очекуваме повторно масовна и весела маска, а наградите секогаш се само дополнителна мотивација.