В сабота нашето училиште ќе биде домаќин на сите пријавени средношколци од регионот за учество на натпреварот HIPPO кој истовремено ќе се одржува во 9 европски земји.Вкупно 145 ученици ќе ги тестираат своите познавања на англискиот јазик преку читање, слушање и пишување есеј. Право на учество освен средношколците имаат сите училишта кои го изучуваат англискиот, но и италијанскиот јазик.
Тестот ќе биде поделен во три дела, првиот читање со 40 прашања, вториот слушање со 20 прашања и пишување на една од понудените теми. Пријавените кандидати треба да носат само молив/пенкало за да ги внесат своите одговори на додатниот лист. Не е дозволено користење на нотеси, книги, речници.
При пријавувањето учениците се класифицираа во 5 категории, според степенот на нивното претходно образование и искуство со јазикот. Тестирањето започнува во 9 часот во просториите на нашето училиште каде што ќе се натпреваруваат вкупно 145 средношколци од Струмица и регионот.
Правилата велат дека ако тоталниот број на поени од читање и слушање е еднаков за двајца или повеќе кандидати, оној којшто го завршил делот со читање побрзо ќе биде повисоко рангиран. Во случај ако времето е исто, есејот ќе одлучи кој ќе биде подобро рангиран. Ако бројот на поени е сè уште ист тогаш помладиот кандидат ќе биде повисоко рангиран.