Викенд шема: Прашања за крајот од работната недела

За оние кои сакаат да бидат поуспешни или барем да ги лоцираат проблемите ако професорите велат дека „попуштиле“ тогаш овие прашања ќе го дадат решението. Мини-тест кој не треба да го прегледува некој друг, туку вие ќе се оцените самите себе на крајот од учебната недела. writeШто научив изминатава недела?

  • Ако имате проблем при одговарање на ова прашање, време е за промена. Без разлика колку години имате, не заборавајте дека секој ден треба да учите по нешто ново.

Кој час ми беше најинтересен?

  • Погледнете го целиот распоред и направете една анализа. Можеби заради професорот, можеби заради друштвото, можеби заради интересната лекција – прашајте се што најмногу ве заинтересирало.

Колку пати кренав рака кога го знаев одговорот?

  • Знаеш зошто не креваш рака кога немаш претстава кој е одговорот и дури (не)свесно се виткаш над клупата или бегаш од погледот на професорот. Но, тогаш зошто не креваш рака кога го знаеш одговорот? Колку пати ти се случило тоа? 10-15? Тоа е апсурдно! Не плаши се да зборуваш гласно и побрзо да си ја заслужиш високата оценка.

Кој миг од изминатава недела длабоко се врежа во моето сеќавање и зошто?

 

  • Тоа може да го отвори вашиот ум и да увидите нови страсти и цели кои ќе сакате да ги постигнете.

Што требаше да прашам, а ми беше срам?

  • Тоа што не ви било јасно и не сте прашале за објаснување е само уште една пукнатина во вашето знаење. Ако мислите дека избегнувањето на прашањето ќе го реши вашиот проблем – се лажете!

Што ми одзеде многу време изминатата недела?

  • Имајте приоритети и не дозволувајте ништо да ви го одвлече вниманието од важните работи.

Која е најважната работа која сакам да ја остварам во неделата која следува?

  • Сè друго треба да има споредна важност во однос на оваа работа која ќе ја определите како најважна. Секако, и други работи ќе излезат приоритетни, но важно е да не заборавате споредните да ги третирате како такви.

Со што се борев изминатава недела, а може да ми влијае и наредната?

  • Идејата на ова прашање е да се соочите со работите кои не ви оделе од рака.

Што е тоа што го избегнував, а треба да го исполнам следната недела?

  • Тоа што може да се заврши денес, не оставај го за утре! На лист напишете ги тие работи. Уште од понеделник започнете со нивно исполнување.

Дали со некого планирав да разговарам, а не го направив тоа?

  • Редовната комуникација може да ги реши проблемите. Секогаш отворено комуницирајте со најблиските.

Дали има некој што заслужува едно големо „Благодарам“?

  • Размислете дали има луѓе кои оваа недела ви помогнале да добиете плус за домашна работа или да ѕирнете во неговиот тест. Не дозволувајте тоа да остане незабележано од ваша страна.

Како можам да му помогнам некому следнава недела?

  • Се разбира, важен е и обратниот процес. Помогнете им на другите кога им е потребна помош. Тие ќе се сетат да ви помогнат кога помошта вам ќе ви биде потребна.