Конкурс што води до дводневна посета на Брисел

Во 2014 година се одбележува 10-годишнината од најголемиот циклус на проширување на ЕУ, со пристапувањето на десет земји. Денес перспективата на ЕУ е отворена за Албанија, Босна и Херцеговина, Република Македонија, Исланд, Косово, Црна Гора, Србија и Турција. По тој повод, ЕУ ги ангажира и наградува младите луѓе преку натпревар во пишување за проширувањето на ЕУ. writing-competition-slider-MK„Што значи за вас проширената Европска Унија?“ е прашањето кое ЕУ го упатува до младите од земјите што се вклучени во процесот на проширување. Победниците ќе добијат дводневна посета на Брисел и е-читач.

Натпреварот е поделен во две категории, а средношколците може да аплицираат за онаа со возрасна граница од 15 до 19 години.

Европската комисија сака да го слушне вашето мислење на следниве теми:
– Што може да научи денешната Европска Унија од 28 земји-членки од своето минато за да ја подобри својата иднина?
– Што значи за вас проширената ЕУ?

Натпреварот ќе трае до 11 мај 2014 година, а дотогаш може да подготвите и испратите статија со најмногу 700 збора или три објави на блог.

Секоја пријава треба да има насловна страница што ги вклучува следниве 
информации: име и презиме на учесникот, поштенска адреса, телефонски број и адреса од е-пошта, како и насловот на трудот и вкупниот број на зборови. Насловната страница не се зема предвид при пресметувањето на вкупниот број зборови од пријавата.

Ако пратите хартиена верзија, пријавата треба да биде напишана на машина или компјутерски отпечатена. На секоја страница треба да бидат напишани насловот и бројот на страницата. Електронските верзии (Microsoft Word Document или OpenOffice Writer File) исто така треба на секоја страница да ги содржат насловот и бројот на страницата.

Својата пријава може да ја испратите преку мејл на: write@media-consulta.com.

На победникот и на придружникот ќе им бидат покриени следниве трошоци поврзани со посетата на Брисел:
Еден повратен билет за лет со економска класа или повратен билет за патување со воз во прва класа до Брисел од местото каде што живее победникот или местото каде што живее придружникот на патувањето во една од 28-те земји-членки на ЕУ или во една од земјите-кандидати или потенцијални кандидати од  Југоисточна Европа, храна и сместување, трошоци за локален превоз во Брисел и влезници за организираните активности.
Победниците се одговорни за другите трошоци од нивната посета на Брисел.