Термини за полагање државна матура

Остануваат уште точно 74 денови до почетокот на првиот предмет за полагање на Државна матура. Годинава, според новите промени, учениците ќе полагаат вкупно четири предмети во делот Државна матура. maturarezultatiРоковите за полагање на државна матура во јунски испитен рок 2014 година се следниве:

  • македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература – 31 мај 2014 година, со почеток во 10 часот
  • англиски јазик, француски јазик, германски јазик и руски јазик – 11 јуни 2014 година, со почеток во 10 часот
  • математика, естетика и филозофија – 13 јуни 2014 година, со почеток во 10 часот
  • хемија, физика, биологија, историја и бизнис – 16 јуни 2014 година, со почеток во 10 часот